Ворен Бафет поминал тешок пат од момче кое на седум години продавал шишиња од Кока Кола на улица до сопственик на бизнис империја во вредност од 525 милијарди долари.
Се што има постигнато, го постигнал воден од страна на практиката дека секој кој сака да биде успешен тоа треба да го научи. Некои од тие практики се:
Никогаш немојте да престанете да учите – Ворен Бафет ги усмерува своите активности на неколку работи, со максимална концентрираност на нив. Работејќи така 50 години, тој стана експерт за тие работи, како на пример Роже Федерер во тенис. Со други зборови, Бафет се реализира во она што е најдобар и постојано работел на тоа преку усвојување на нови знаења.
Клучот е во трпението – Во бизнисот, како и во многу други работи, трпението е важно, ако не и решавачки фактор. Бафет знае кога треба да се чека, иако многу лесно можел да се предаде на притисокот. Но, наместо со избрзани одлуки, добро е да се стрпи и подобрата понуда на крајот ќе дојде. Трпението многу често е еден чекор напред.
Давајте признанија на своите колеги – Секој успешен претприемач не успеал сам. Секогаш има и други успешни колеги, вработени или деловни партнери, кои го обработиле својот дел. Ако сакате да ги следите трагите на Ворен Бафет, вие никогаш не треба да заборавите да се заблагодарите или наградите луѓето кои ви помогнале на вашиот пат кон успехот.