Групацијата Триглав успешно работеше во првото тромесечје од оваа година. Добивката пред оданочување изнесуваше 27,5 милиони евра, што е 8% повеќе од истиот период минатата година, а остварената нето добивка во висина од 23,3 милиони евра е 5% поголема од истиот период минатата година.

Триглав обезбеди 4% повисока консолидирана бруто премија – вкупно 293 милиони евра, додека раст на премија е забележан на сите пазари на кои работи Групацијата. Во првите три месеци од оваа година,  врз работењето немаа влијание масовни штетни настани, а приносите од финансиски вложувања, согласно очекувањата, беа пониски од минатогодишните во истиот период. Групацијата Триглав, водечка осигурително-финансиска групација во регионот Адриа, во 2018 година продолжува со спроведување на своите стратешки насоки.

Во согласност со стратегијата за раст и развој, по минатогодишниот влез на пазарот на доброволно пензиско осигурување во Босна и Херцеговина и на македноскиот пазар на осигурување на живот, оваа година Групацијата со купување на мнозински удел, влегува на пазарот на пенизски осигурувања во Хрватска. Триглав Осигурување Скопје, кој е дел од Групацијата Триглав, во првиот квартал на 2018 година обезбеди 9% повисока бруто полисирана премија споредено со истиот период минатата година.

Главниот извршен директор на Триглав Осигурување, г. Ѓорѓе Војновиќ, смета дека е уште поважно тоа што компанијата во дадениот период на пазарот воведе новини, кои придонесуваат кон развојот на осигурителната индустрија и на клиентите им обезбедуваат значајни бенифити.