Податоците од направената анализа на Банкарство.мк покажуваат дека во 2021 година водечките три домашни банки (Стопанска банка АД – Скопје, Комерцијална банка АД Скопје и НЛБ Банка Скопје) оствариле добивка од 7.013.383 илјади денари или 114,04 милиони евра.

Споредбено со добивката на овие банки за истиот период во 2020 година, може да се забележи дека сите три водечки банки имаат значителен раст на профитот.

Највисока добивка оствари Стопанска банка АД – Скопје, која во 2021 година прокнижи нето добивка од 2.465.956 илјади денари или 40 милиони евра, што претставува зголемување за високи 25% споредено со нето добивката остварена во 2020 година.

ДОМИНАЦИЈАТА ПРОДОЛЖУВА – Стопанска банка АД – Скопје со рекордна добивка од 40 милиони евра во 2021 година
Потоа следи Комерцијална банка АД Скопје, со позитивен финансиски резултат од 2.328.320 илјади денари или 37,5 милиони евра, наспроти 2.067,1 милиони денари во 2020 година, што претставува пораст на добивката од 21,2%.

БАНКАТА НА ГОДИНАТА ОСТВАРИ РЕЗУЛТАТ КОЈ ГО ОПРАВДУВА ОВОЈ ЕПИТЕТ – Комерцијална банка оствари фантастична добивка од 37,5 милиони евра во 2021 година!
Редоследно, иако третопласирана НЛБ Банка Скопје процентуално има најголем раст на добивката за неверојатни 30,2 % во однос на претходна година. Нето добивката на Банката заклучно со 31.12.2021 година изнесува 2.219.107 илјади денари, односно 36,1 милиони евра.

НЛБ БАНКА ВО ОДЛИЧНА КОНДИЦИЈА – оствари добивка од 36 милиони евра во 2021 година
Од спроведената анализа можеме да заклучиме дека банкарите ја имаат тајната на успехот, со оглед дека од година во година значително ги зголемуваат профитите и значително ги подобруваат финансиските резултати.