Податоците од направената анализа на Банкарство.мк покажуваат дека во првото полугодие од 2022 година водечките три домашни банки (Стопанска банка АД – Скопје, Комерцијална банка АД Скопје и НЛБ Банка Скопје) оствариле добивка од 3.987.695 илјади денари или 64,8 милиони евра.

Споредбено со добивката на овие банки за истиот период во 2021 година, може да се забележи дека сите три водечки банки имаат значителен раст на профитот.

Највисока добивка оствари Стопанска банка АД – Скопје, која во првата половина на 2022 година прокнижи нето добивка од 1.465.381 илјади денари или 23,8 милиони евра, што претставува зголемување за високи 33,9% споредено со нето добивката остварена во истиот период од 2021 година.

ПОВТОРНО НАЈДОБРА – Стопанска банка АД – Скопје со нето-добивка од 23,8 милиони евра го заокружи првото полугодие од 2022 година

Потоа следи НЛБ Банка АД Скопје, која забележа позитивен финансиски резултат од 1.395.014 илјади денари или 22,7 милиони евра, наспроти 1.129.700 илјади денари во првото полугодие од 2021 година, што претставува пораст на добивката од 23,5%.

НЛБ БАНКА ЦЕЛИ КОН БАНКАРСКИОТ ТРОН – остварувајќи добивка од неверојатни 22,7 милиони евра за шест месеци од 2022 година

Редоследно, иако третопласирана Комерцијална банка АД Скопје процентуално има најголем пораст на добивката за неверојатни 36,1% во однос на истиот период минатата година. Нето добивката на Комерцијална банка АД Скопје заклучно со 30.06.2022 година изнесува 1.127.332 илјади денари, односно 18,3 милиони евра.

МОЌЕН РЕЗУЛТАТ НА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА ВО ПРВОТО ПОЛУГОДИЕ – зголемување на добивката за фантастични 36%

Од спроведената анализа можеме да заклучиме дека банкарите го имаат рецептот за успех, со оглед дека од година во година значително ги зголемуваат профитите и значително ги подобруваат финансиските резултати.