Тркалезна маса на тема „Женското претприемништво во Република Северна Македонија и неговата улога во даночниот систем“ ќе се одржи денеска во Скопје, во организација на Управата за јавни приходи, која оваа година во пресрет на одбележувањето на Денот на даночните работници „Св. Матеј“ во фокус го имаше женското претприемништво.

На настанот ќе присуствуваат директорката на УЈП, Сања Лукаревска, сопругата на Претседателот на РСМ, Елизабета Ѓоргиевска, амбасадори, пратенички од Собранието на РСМ, претставници на меѓународни организации, претставнички на Здруженија на жени претприемачки, на Стопански комори и Занаетчиска комора.