Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот во април 2021 година, во однос на претходниот месец, изнесува 100.7, а индексот на цените на мало изнесува 100.6.

Пораст на индексите на трошоците на животот во април 2021 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај маслото и маснотиите за 10.8 %, свежиот и разладениот зеленчук освен компирите и другите коренести плодови за 7.2 %, свежото и разладеното овошје за 5.3 %, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 0.9 %, рибата и морските плодови за 0.8 %, виното за 0.6 %, лебот и житата за 0.2 %.

Во април, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај течните горива за домаќинствата за 15.6 %, обувките за 1.9 %, информатичката опрема за обработка на податоците за 1.1 %, градините, растенијата и цвеќињата за 1.0 %, горивата и мазивата за сопствените превозни средства, домашните миленици и сродните производи, канцеларискиот материјал и материјалите за цртање за 0.9 %, електричните апарати за лична хигиена за 0.8 %, малите електрични апарати за домаќинствата, накитот, часовниците и рачните часовници за 0.7 %, велосипедите за 0.6 %, фармацевтските производи за 0.5 %, материјалите за одржување и поправки на живеалиштето за 0.4 %, облеката за 0.3 %, услугите за одржување и поправки на живеалиштето, теписите и другите подни покривки, моторните возила, патниот патнички транспорт, медиумите за снимање, фризерските салони и центрите за разубавување за 0.2 %.

Намалување на индексите на трошоците на животот во април 2021 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај минералната вода, газираните пијалаци, соковите од овошје и зеленчук за 0.6 %, полномасното млеко за 0.5 % и прехранбените производи неспоменати на друго место за 0.3 %.

Исто така, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај гасот за домаќинствата за 2.0 %, резервните делови и приборот за сопствените превозни средства за 1.5 %, цврстите горива за домаќинствата за 1.2%, книгите за 1.0 %, другата облека и додатоците за облека за 0.3 %, големите електрични апарати за домаќинствата, другите апарати и производи за лична хигиена за 0.2 %.

Индексот на трошоците на животот во април 2021 година, во однос на април 2020 година, бележи зголемување од 2.7%, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 3.7 %.