Според податоците на Државниот завод за статистика  , индексот на трошоците на животот во февруари 2018 година,
во однос на претходниот месец, изнесува 100.2, а индексот на цените на мало 100.1.

Пораст на индексите на трошоците на животот во февруари 2018 година, во споредба со претходниот месец, е
забележан кај свежото и разладеното овошје за 5.3%, замрзнатите морски плодови за 1.1%, месото за 0.9%, другите
преработки од месо за 0.8%, свежата и разладената риба за 0.4%, сушениот зеленчук, другиот конзервиран и
преработен зеленчук и безалкохолните пијалаци за 0.3%.

Во февруари 2018 година, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај болничките услуги
за 3.8%, течните горива за домаќинствата за 1.5%, поправката на аудиовизуелната, фотографската и информатичката
опрема за 1.4%, мебелот за домаќинствата за 1.2%, течните горива и мазива како дел од опремата за сопствени
сообраќајни средства за 0.8%, опремата за прием, снимање и репродукција на звук и слики за 0.6%, авионскиот
превоз на патници, дисковите, касетите, дискетите, цедеата, филмовите за 0.4%, текстилот за домаќинствата, малите
електрични апарати, услугите за одржување на станот, резервните делови за сообраќајните средства, другите лични
предмети за 0.3%, обувките, средствата за чистење и одржување на станот и информатичката опрема за 0.2%.

Намалување на индексите на трошоците на животот во февруари 2018 година, во споредба со претходниот месец, е
забележано кај замрзнатиот зеленчук освен компирот и другите коренести плодови за 0.9%, сувото овошје и јаткастите
производи за 0.7%, другите прехранбени производи за 0.6%, другите пекарски производи, свежиот и разладениот
зеленчук освен компирот и другите коренести плодови за 0.5%, другите преработки од риба и морските плодови,
јајцата за 0.4%, оризот, млекото и јогуртот за 0.2%.

Исто така, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај гасот за домаќинствата за 2.8%,
градините, растенијата и цвеќињата за 1.6%, цврстите горива за 1.1%, фотографската и кинематографската опрема и
оптичките инструменти за 0.9%, теписите и другите покривки за под, парамедицинските производи за 0.6%, облеката,
стаклените садови, кујнискиот прибор и другата опрема за 0.5% и услугите за сместување за 0.3%.

Индексот на трошоците на животот во февруари 2018 година, во споредба со февруари 2017 година, забележа пораст
од 1.9%, а индексот на цените на мало забележа пораст за 3.5%.