Стапките на раст на Руската економија би требало да ги надминуваат просечните глобални трендови, е ставот на рускиот претседател Владимир Путин. Според него зголемувањето на националниот економски раст е главниот извор на дополнителни ресурси. Ова според него не е само желба но и реалност која е остварлива во блиска иднина.

Една од главните цели е зголемувањето на БДП(бруто домашен производ) по глава на жител за 1.6 пати до средината на 2020 година. Ова, вели Путин, е многу предизвикувачка задача но јас сум оптимист дека ние тоа можеме да го оствариме. Тој исто така потенцираше дека за да економијата расте со полн капацитет, бизнис климата во Русија мора да се подобри драматично, со највисоко ниво на претприемачка слобода и натпреварувачки дух. Според Путин најважната цел и она за што сите се борат е зголемување на квалитетот на животот на руските фамилии.