Oil-and-Gas-Well-Drilling-BusinessЦените на нафтата во вторникотсе стабилизираа на меѓународните пазари под нивото од 49 $, но расположението се уште е пригушено откако од водечката компанија за трговија со нафта предупредија дека значително закрепнување на пазарот во текот на следната година е малку веројатно.

На лондонскиот пазар нафтата остана речиси непроменета во однос на претходното затворање и изнесуваше 48,61 $. За разлика ден предходно цената на нафтата се намали за 1,85 $.

Значителни промени во цената немаше и на пазарот во САД, каде се тргуваше за 45,99 $. Во понеделникот тргувањето се затвори со пад од 1,37 $.

Во понеделникот пазарот беше погоден од загриженоста за растот во Кина и знаците за брзо враќање на пазарот на иранска нафта по укинувањето на санкциите од западот. Висок ирански државник изјави дека Техеран во рок од една недела од укинувањето на санкциите планира да го зголеми производството за 500.000 барели на ден и да продава нафта на “старите” клиенти во Азија и Европа.

Во вторникот пазарот се стабилизира, иако расположението останана пригушено, особено откако водечката компанија за трговија со нафта во светот Vitol предупреди дека значително закрепнување во следната година е малку веројатно.

“Малку би ме изненадило доколку цената до крајот на 2016 година надмине 60 $”, изјави  извршниот директор на Vitol Ian Taylor. Тој предупреди дека по укинувањето на санкциите, се очекува жестока битка кај блискоисточните производители за удел на пазарот. “Ќе биде тешко да се пласира (иранска) таа нафта”, додава Taylor.

Главните извозници на нафта на Блискиот Исток секој дневно произведуваат околу два милиони барели повеќе отколку што е потребно, пополнувајќи ги резервите во светот, потсетуваат аналитичарите.