nafta 1На лондонскиот пазар во понеделникот цената на суровата нафта падна на најниско ниво од 2004 година, поради загриженоста на инвеститорите од преголемата понуда во лицето на слабата побарувачка и забавувањето на глобалната економија кое најверојатно ќе продолжи и во наредната година.

Откако минатата недела падна за 2,5 проценти, цената на барел нафта на лондонскиот пазар во понеделникот падна за дополнителни два проценти, на 36,05 $, што е најниско ниво од јули 2004 година.

Само во декември нафтата се намали за речиси 19 проценти, што е најбрзо темпо на пад од колапсот на американската банка Lehman Brothers во октомври 2008 година.

На американскиот пазар барелот поевтина за 31 центи, на 34,42 $, што е најниска цена од 2009 година.

Производството на нафта моментално е во близина на рекордното ниво, а на пазарот допрва треба да стигне дополнителна нафта од Иран, САД и Либија.