nafteno poleЦените на барел нафта се лизнаа на ниво од 57 долари под влијание на индикацијата за можно понатамошно зголемување на веќе прекумерната понуда во пресрет на иранско-кинеските разговори за можно зголемување на обемот на продажба.

На лондонскиот пазар цената на нафтата падна за 80 центи во однос на претходното затворање на 57,32 долари. На американскиот пазар се тргуваше за 60 центи пониска цена, од 51,54 долари.

Кина е најголемиот трговски партнер на Иран и од воведувањето на санкциите во 2012 година купиваше половина од вкупниот извоз на иранска нафта. После постигнатиот рамковен договор во спорот околу нуклеарната програма на Иран, се укажува на укинување на санкциите.

Ирански официјални претставници пристигна во Пекинг, каде што ќе се сретнат со најголемите потрошувачи во земјата, вклучувајќи и Unipec и Zhuhai Zhenrong. Unipec е трговска подружница на најголемата азиска рафинерија Sinopec, а Zhuhai Zhenrong е државната нафтена компанија.

Светските пазари се веќе заситени со прекумерната понуда, а вишокот на понудата во однос на побарувачката во првата половина од годината ќе изнесува 1,5 милиони барели на ден, проценуваат аналитичарите.

“Вишокот на пазарот е голем, залихите растат и сега се отвора можноста за зголемување на понудата од иранската нафта”,  ја сумира состојбата на пазарот Carsten Fritsch од Commerzbank.

Дополнителен притисок создава и проценката од Goldman Sachs, дека цената треба да остане ниска повеќе месеци како би се намалило американско производство. Од Американската инвестициска банка, исто така напоменуваат дека со обзир на прогнозите за американското производство  наредната година, прогнозата за цената на нафтата од 65 долари во 2016, делува премногу висока.