Black-oil-barrels-with-mark-on-white-backgroundЦената на нафтата во понеделникот нагло падна на светските берзи бидејќи во фокусот на инвеститорите се уште е прекумерната понудата а дополнителен притисок генерира и зајакнувањето на доларот. Барел нафта на лондонскиот пазар поевтини  за 1,66 $ од претходното затворање и се спушти на 58,56 $. На американскиот пазар се тргуваше за 1,54 $ пониска цена, од 48,80 $.

На почетокот на тргувањето цените се зголемија во атмосфера на оптимизам во врска со постигнувањето на договор помеѓу Грција и партнерите од еврозоната за дополнително финансирање, за потоа да се смени насоката бидејќи инвеститорите повторно го свртија вниманието на прекумерна набавка, пред се во САД.

Минатонеделниот извештај покажа дека залихите во САД се на рекордно високо ниво, што на почетокот на оваа недела ги потисна во втор план новите информации за намалувањето на бројот на бушотини во САД а со тоа и изгледното намалување на производството. Аналитичарите на инвестициската банка Морган Стенли проценуваат дека залихата на нафта ќе продолжи да расте до крајот на мај.

“И покрај оптимизмот поради големиот пад на бројот на бушотини во САД во последните неколку недели темпото на пад е забавено. Понатамошното забавување само ќе го зајакне стравот дека за поостар пад на производството ќе биде потребно време”, заклучуваат аналитичарите.

Врз цените на нафтата свое влијание имаше и зајакнувањето на доларот. Долар индексот, кој ја мери вредноста на американскиот долар кон шесте главни светски валути, се зголеми за 0,6 проценти, со што стоката чии цени се деноминирани во долари, како нафтата, стануваат поскапи за носителите на другите валути.

“Долар индексот се движи во близина на 94,85 поени и е на добар пат да постигне 95 поени, со тоа го зголемува притисокот врз нафтениот пазар”, изјави аналитичарот Соко Мирто.