Цените на нафтата паднаа на 63 $, поради загриженоста во врска со Грција и очекувааниот понатамошен раст на американското производство на нафта од шкрилци. На лондонскиот пазар нафтата се тргуваше по цена од 63,05 $, што значи намалување за 1,21 долари во однос на претходното затворање. На американскиот пазар нафтата поефтини за 99 центи на 59,46 $.
“На нафтените пазари не се земат во предвид ризиците од Грција, но за поголемиот дел од европскиот раст на побарувачката на нафта оваа година придонесуваат јужните европски земји. Затоа, банкротот на Грција и ширењето на негативни ефекти во соседните земји може негативно да влијаат врз европската побарувачка на нафта” изјави Olivier Jakob од Petromatrix.
Саудискиот министер за нафта Ali al-Naimi е оптимист во врска со пазарот во текот на следните месеци, како резултат на зголемената побарувачка и падот на залихите. Резервите на сурова нафта во САД во текот на минатата недела повторно се намалени, покажуваат најновите извештаи.
И покрај големата побарувачката, понудата на нафта е обилна. Во услови на зголемени испораки на сурова нафта од Северното Море и Нигерија се намалуваат ценовните разлики во цените на лондонскиот и американскиот пазар, а самите цени повремено бележат најниско ниво во последните неколку години, пишува Ројтерс.
На лондонскиот пазар цената на нафтата речиси е преполовена во однос на истиот период минатата година, а падот е засилен откако Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) одби да го намали произвотствениот палфон, со што сакаат ниските цени да ги успорат испораките на производителите со повисоки трошоци за производство, како што се производителите на нафта од нафтени шкрилци.