nafteno poleЦените на нафтата се зголемија на 50 $ откако падот на залихите на нафта во САД ги  засени слабите макроекономски податоци од Кина. На лондонскиот пазар цената на нафтата се зголеми за 30 центи во однос на претходното затворање и изнесуваше 49,38 $. На американскиот пазар се тргува за 40 центи повисока цена од 46,76 $.

Американскиот институт за нафта (API), во вторникот објави дека комерцијалните залихите на сурова нафта во последната недела се намалени за 3,7 милиони барели. Во клучниот нафтен центар во Cushing се намалиле за 500.000 барели.

Иако вкупните залихи во САД се уште се на рекордни нивоа, минатонеделниот пад сугерира дека конечно почна процесот на балансирање на најголемиот пазар на нафта и дека производството почна да се намалува под влијание на намалувањето на цените.

Податоците од САД го потиснаа во позадина големиот пад на активноста во кинеската индустрија во септември, што е прикажано во намалувањето на индексот на менаџерите за набавки за производствениот сектор на најниско ниво во последните шест и пол години покажува студијата објавена од компанијата Markit. Оваа информација ги одврати инвеститорите од ризичните средства на азиските пазари, а овој тренд може да се прошири и на другите глобални пазари, предупредуваат аналитичарите.

Вниманието сега е свртено кон официјалните податоци за залихите на нафта во САД за да се потврдат шпекулациите за трендот на пораст на цените на нафтата.

“Ако владата на САД го потврди падот на залихите на сурова нафта изминатата недела, цените ќе се зголемат уште повеќе. Очекувањата за повисоки цени се сосема логични”, објаснува Tamas Varga од PVM Oil Associates од Лондон.