oilЦените на нафтата на меѓународните пазари се зголеми, поддржана од страна на вооружени конфликти во Либија и добрите економски показатели од САД, кои се сигнал за стабилно обновување на најголемиот светски потрошувач на нафта. Европската брент нафта се зголеми за 1,90 $ од претходното затворање, на 58,47 $. Додека на американскиот пазар цената на нафтата се зголеми за 1,70 $ на 52,18 $.

Во текот на изминатата недела за зголемување на цената на нафтата влијание имаше и намалувањето на активните бушотини во САД. Консултантска фирма Baker Hughes објави дека просечниот број на бушотини во јануари е намален за 199 во однос на декември минатата година.

Дополнително за зголемување на цената на нафтата влијаеше стравот од намалување на извозот на Либија поради вооружените конфликти, како и добрите показатели за американската економија.

Најновиот извештај на американската влада, покажува дека работодавачите во јануари отвориле 257.000 нови работни места,  а се прикажани и ревидираните податоци за ноември и декември кои покажуваат дека се отвориле 147.000 повеќе работни места во однос на првичните проценки. Тоа значи дека во просек во последните три месеци се отворени 336.000 работни места месечно, сигнализирајќи за стабилно обновување на пазарот на трудот.

Овие фактори ја потиснаа во позадина загриженоста во врска со заситеноста на пазарот, како и одлуката на Саудиска Арабија за намалување на официјалните продажни цени за азиските клиенти, на најниско ниво во последниве 12 години.