oil-Цените на нафтата се стабилизираa на меѓународните пазари во близина на 31 $, поддржани од можноста за соработка помеѓу производителите за да го намалат производството со цел да се намали огромниот вишок на понудата.

На лондонскиот пазар цената на нафтата се зголеми за 52 центи и изнесуваше 30,84 $. Ден предходно цената на нафтата се намали за 2.56 $. На американскиот пазар барел се тргува за 45 центи повисока цена од 28,39 $. Предходниот ден тргувањето заврши со пад на цената на нафтата за 1,75 $.

Во фокусот повторно се преговорите помеѓу водечките производители за намалување на производството со цел да се зајакнат цените.

Министерот за нафта на Иран изјави дека Техеран е подготвен за преговори со Саудиска Арабија и Русија во врска со предложеното намалување на производството на земјите-членки на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) за еден милион барели дневно, но не кажа дали Русија ќе го следи нивниот пример.

Иако трговците и претставници на ОПЕК се сомневаат во можноста за договор, приказната за преговорите беше доволна за поттикнување на пазарот.

Цените поддршка добија и од извештај на Американскиот институт за нафта (API), кој покажа раст на залихите минатата недела од 2,4 милиони барели. Додека економистите очекуваа пораст од 3,6 милиони барели.