gold_srebro_20130709Пред благородните метали 2016 е потенцијално предизвикувачка поради можноста за повисоки каматни стапки во САД и посилен долар.

Главно под влијание на монетарната политика на САД и девизниот курс на доларот, цената на златото падна за 10 проценти во 2015 година, бидејќи некои инвеститори продаваа благородни метали за да купат имот што носи придонес, како на пример акции.

Најактивните американски фјучерси на злато за испорака во февруари изнесуваа 1060.2 $  за унца во четвртокот, што не е далеку од шест-годишниот минимум од 1046 $ за унца што го достигна предходно во декември.

Другите благородни метали, исто така, беа погодени од силниот долар и падот на злато и забележаа остар годишен пад.

Американските фјучерси на сребро чинеа 13,803 $ за унца во четвртокот. Сребро ја заврши годината со загуба на вредноста од 12 проценти.

Фјучерсите на платина изнесуваа 893,2 $ за унца, што е за 26 проценти помалку во однос на претходната година, додека фјучерсите на паладиум ја завршија годината на 562 $, што претставува пад од 30 проценти на годишно ниво.