Цените на нафтата благо паднаа, спуштајќи се до 63 $ во очекување на исходот од преговорите за иранската нуклеарна програма која може да доведе до голем пораст на извозот на сурова нафта од таа земја.
Цената на нафтата на лондонскиот пазар се намали за 20 центи во споредба со претходното затворање на 63 $ за барел. На американскиот пазар се тргуваше за 25 центи пониска цена, од 59,45 $.
Можноста за договор помеѓу Иран и западните сили со кој ќе стави крај на спорот околу нуклеарната програма на Иран и на тој начин на економските санкции против Техеран го попречуваат нафтениот пазар, бидејќи тоа ќе доведе до зголемување на извозот на нафта од Иран со што дополнително би се влошил проблемот со прекумерната понуда. Крајниот рок за постигнување на договор е 30 јуни.
“Ако се постигне договор, тоа ќе биде изненадување. Во тој случај, цената најверојатно ќе падне помеѓу 5 и 10 проценти”, проценува Ole Hansen од Saxo Bank.
Barbara Lambrecht од Commerzbank верува дека изгледите за постигнување договор во дадениот рок не се многу големи. “Се чини дека рокотот ќе биде поместен”, додава таа.
Пазарот ги прати и преговорите на Грција со нејзините доверители, каде во последен момент треба да се најде решение за навременото плаќање на грчкиот долг, а со тоа да се избегне излезот на Грција од еврозоната.
Доколку Грција не би можела на време да го врати својот долг, доларот ќе зајакне во однос на еврото, со што ќе се притисне цената на нафтата, бидејќи тоа ќе ја намали куповната моќ на имателите на останатите валути и на тој начин ќе се намали побарувачката, предупредуваат економистите.