Цените на нафтата на меѓународните пазари во понеделникот повторно паднаа во близина на најниското ниво во последните 12 години, поради успорувањето на растот на Кина со што се потиснуваат очекувањата за закрепнување на побарувачката.
На лондонскиот пазар цената на нафта падна за 47 центи во однос на претходното затворање и изнесуваше 33,08 $. За една недела цената на барелот на лондонскиот пазар се намали за 15 проценти. На американскиот пазар барел се тргува за 52 центи пониска цена, од 32,64 $.
Кина е во фокусот на меѓународните пазари, каде се стравува од забавување на економска активност во земјата и на тој начин на слабеење на побарувачката за нафта кај вториот потрошувач во светот. Овие стравувања се потврдени од пресметките на Barclays банка, според кои побарувачката на нафта во Кина во ноември падна за 4,9 проценти во однос на претходниот месец, а за два проценти на годишно ниво, најмногу од јули 2014 година.
Од Morgan Stanley објавија дека цените на нафтата може да паднат и под 30 $, особено доколку доларот зајакне во однос на другите валути. “Падот на вредноста на кинескот јуан за 15 проценти може да ја намали цената на нафтата под нивото од 30 долари”.