Цената на нафтата во понеделникот на светските берзи падна на најниско ниво во последните шест месеци, како последица на натамошниот пораст на веќе претераната понудата и поради слабите податоци од кинеската економија.
На лондонскиот пазар цената на нафтата се намали за 1,17 $ , на 51,04 $. Претходно, во еден момент цената падна на 50,85 $, што е најниско ниво од 30 јануари. Од почетокот на третиот квартал цената на нафтата веќе е намалена за речиси 20 проценти и е на добар пад да забележи најголем пад во последните три месеци после 2008 година.
Нафтата на американскиот пазар се намали за 75 центи на 46,37 $ за барел. Претходно цената за кратко падна на 46,35 $, што е најниско ниво во последните четири месеци. Во јули нафтата на американскиот пазар падна за 20,8 проценти, што е најголем месечен пад на нејзината цена од октомври 2008 година.
Анкетата на Ројтерс минатата недела покажа дека производството на нафта на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) во јули достигна највисоко месечно ниво во поновата историја. Саудиска Арабија и другите клучни членови на ОПЕК не покажуваат знаци на попуштање во одбраната на уделот на пазарот.
Отсуство на план на ОПЕК за припрема на теренот за враќањето на големите испораки на иранска нафта уште повеќе ја зголемува неизвесноста во врска со испораката. Од Иран се очекува да го зголеми производството за 500.000 барели дневно, штом санкциите ќе бидат укинати, а понатаму во следните месеци извозот да го зголеми за еден милион барели дневно, изјави министерот за нафта на Иран Bijan Namdar Zangeneh.
“Се чини дека пазарот повторно се фокусира на состојбата со понудата … тешкотијата е во тоа дека Иран можеби се враќа на пазарот и не постојат очигледни знаци дека ОПЕК ќе направи простор за тоа”, изјави Ric Spooner, главен пазарен аналитичар на CMC Markets.