nafteno poleЦените на нафтата на меѓународните пазари останаа на ниво од над 49 долари, а фокусот на пазарот е свртен кон опаѓањето на активноста на јапонската економија во вториот квартал, поради загриженоста за побарувачката.

На лондонскиот пазар нафтата се тргуваше за речиси непроменета цена во споредба со претходното затворање, од 49,41 $. На американскиот пазар цената на нафтата падна 36 центи на 42,14 $.

На почетокот на неделата во фокусот на вниманието е фактот дека активностите во Јапонија, третиот по големина потрошувач на нафта во светот, паднаа во вториот квартал, што е причина за загриженост во врска со побарувачката. Од друга страна проблемот на прекумерната понуда е зголемен од податоците за зголемување на бројот на активни бушотини во САД, што сигнализира раст на производството, а зголемено производство е забележано и во Оман.

“Проблемот на вишокот на понудата се уште е актуелн, што ја поддржува склоноста за намалување на цените”, заклучува Carsten Fritsch од Commerzbank Франкфурт.

Многу аналитичари очекуваат дека цените ќе бидат под притисок и во наредниот период, во услови на продолжување на вишокот на понуда.