rusija naftaНа лондонскиот пазар нафтата се тргуваше за 92 центи повисока цена во споредба со претходниот ден од 33.10 $. На америкаскиот пазар нафтата се тргува за 68 центи повисока цена од 29.72 $ за барел.

Откако Саудиска Арабија, Русија, Венецуела и Катар во вторникот се согласија за задржување на производството на нафта на нивото од јануари, министрите за енергетика од Венецуела, Ирак и Катар закажаа состанок со иранскиот министер за нафта Bijan Namdar Zangeneh.

Претходно, претставникот на Иран во Организацијата на земји извознички на нафта (ОПЕК) Mehdi Asali во интервју за Sharghdaily изјави дека Иран ќе продолжи да го зголемува извозот на нафта додека не стигне на нивото пред воведувањето на меѓународните санкции. “Барањето на Иран да го замрзне производството на нафта не е логично”, предупреди Asali.

Иако некои аналитичари предупредуваат дека замрзнување на производство на нивото од јануари незначително ќе го намали сегашниот вишок на понудата оваа година, некои констатираат дека самата иницијатива е важен чекор кој сигнализира за промена во ставот на Саудиска Арабија.

“Договорот не придонесува за значително воспоставување на рамнотежа на пазарот, но важно е дека производителите разговаараат. Саудијците повеќе не изјавуваат дека се борат за удел на пазарот, туку дека се подготвени да разговараат за договор”, изјави Ildar Davletshin од Renaissance Capital.