oil-wellЦените на нафтата на меѓународните пазари се намалија под притисок од падот на берзанските индекси во Кина, посилниот долар и прекумерна понуда и намалениот обем на трговија во САД поради празниците.

На лондонскиот пазар цената на нафтата падна за 75 центи во однос на претходното затворање, на 48,86 $.  Во е-трговијата во САД, каде пазарите се затворени поради празниците, нафтата се тргуваше за 70 центи пониска цена во споредба со претходното затворање од 45,35 $.

На крајот на минатата недела цените на нафтата се намалија поради неочекуваниот пораст на залихите во САД во претходната недела за 4,7 милиони барели, потиснувајќи ги во позадина податоците за намалувањето на бројот на активни бушотини во САД.

Во понеделникот повторно во фокусот е Кина поради падот на водечките берзански индекси бидејќи инвеститорите после четири дневните празници на крајот од минатата недела продолжија со продажба а регулаторите најавуваат дополнителни рестрикции во тргувањето.

Во фокусот повторно е и прекумерната понуда, пред се поради неочекуваниот скок на залихите во САД. Овој фактор предизвика пад на цената на нафтата за 60 проценти во споредба со јуни минатата година, а последниве неколку недели загриженост предизвикува и забавувањето на кинеската економија.