nafta 1Цените на нафтата повторно го надминаа нивото од 49 долари бидејќи инвеститорите ги искористија предностите на отсуство на негативни вести како можност за повраток на пазарот.

На лондонскиот пазар нафтата се зголеми за 40 центи во однос на претходното затворање и изнесуваше 49,19 $. На американскиот пазар се тргува за 31 центи повисока цена од 46,53 $.

Во понеделникот пазарот го притисна податокот за рекордното руско производство, дополнително зајакнувајќи ја загриженоста за прекумерната понуда како и слабите изгледи за кинеската побарувачка.

“Многу се распространети проценките дека цената на нафтата ќе се одлепи од ниското ниво и ќе се движи по нагорна насока и дека производството во земјите кои не се членки на Организацијата на земји извознички на нафта (ОПЕК) ќе се намали, па некои само трагаа за прилика за купување,” објаснува Bjarne Schieldrop од SEB.

Аналитичарите предупредуваат дека прекумерното снабдување нема значително да го намали очекуваниот пад на производството во САД. Се проценува дека во моментов се произведува еден милион барели на ден повеќе од потребното.

“Нашите индикативни проценки покажуваат дека по нашето сценарио ќе се одложи отворањето на нови бушотини во САД и производството во 2016 година ќе се намали за 35 илјади барели дневно, ако се земе во предвид актуелниот број на бушотини. Тоа е повеќе отколку што проценивме минатата недела, кога ние пресметавме дека на годишно ниво производството треба да се намали за 20 илјади барели дневно “, изнесуваат од Goldman Sachs.