oil-wellЦените на нафтата во вторникот се зголемија после остриот пад претходниот ден, додека нервозата кај инвеститорите сеуште е присутна поради превирањата на кинескиот пазар и прашањето за остатокот на Грција во еврозоната.

На лондонскиот пазар цената на барел нафта се зголеми за 90 центи во однос на претходното затворање и изнесуваше 57,44 $. Во понеделникот цената на нафтата падна за повеќе од шест проценти и накратко се спушти и на 56,38 $, што е најниско ниво од 10 април.

На американскиот пазар цената на нафтата падна на 53,10 $, што е за 57 центи пониска во однос на понеделникот.

Борбата за опстанок на Грција во еврозоната продолжува, а не се стишени и превирањата во Кина, клучен потрошувач на нафта, каде во последните неколку дена има голем пад акциите на пазарот и покрај серијата регулаторни мерки.

Некои аналитичари тврдат дека главната причина за слабоста на пазарот на нафта е прекумерното снабдување.

“Иако падот на цените на нафтата се совпадна со ескалацијата на грчката криза и слабоста на другите макро пазари, ние веруваме дека катализаторите за паѓањето на цените на нафтата за шест долари по барел не се многу поврзани со Грција”, истакнуваат од американската инвестициска банка Голдман Сакс.

“Минато неделните нафтени податоци всушност сугерираат на сеуште прекумерно снабдување на пазарот – поради остриот пораст на производството во Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК), зголемувањето на бројот на нафтени бушотини во САД и падот на рафинериските маржи”, толкуваат од Голдман Сакс.

Прекумерното снабдување може дополнително да биде зајакнато доколку западните сили и Иран постигнат компромис по прашањето за нуклеарната програма на Иран, тоа ќе резултира со укинување на санкциите и на тој начин да се отвори патот за поголем ирански извоз на нафта.

“Слушаме дека наскоро би можело да биде објавен договор за иранската програма, а тоа ќе ги притисне цените доколку тоа значи скоро укинување на санкциите и зголемување на понудата од Иран”, забележува Оливие Јакоб од Петроматрих.