Цените на нафтата на светскиот пазар минатата недела пораснаа, досегнувајќи нови највисоки врдности од ноември 2014 година. Причината за тоа е што САД се заканува со повторно воведување санкции за Иран, но поголемиот скок на цената на нафтата го спречи зајакнувањето на доларот и зголемувањето на производството во САД.

На лондонската берза цената за барел минатата недела порасна за 0,3 отсто, на 78,85 долари, додека на американскиот пазар барелот поскапе за 2,3 отсто, на 69,7 долари.

Растот на цените е последица на напнатоста на пазарот додека се чека одлуката на претседателот на САД, Доналд Трамо, за обнова на санкциите кон Иран поради нуклеарната програма.

 

 

Техеран по укинувањето на санкциите во 2016 година, повторно ја зазеде позицијата на голем извозник благодарение на спогодбата со група влијателни земји која предвидуваше ограничување на спорната нукеларна програма.

Американскиот претседател порача дека нема да продолжи суспензијата на санкциите ако европските сојузници до 12 мај не исправат „страшни грешки“ во меѓународната спогодба.

„Очекувањата се дека САД ќе се повлече од спогодбата за иранската нукеларна програма и дека нема да ја продолжи суспензијата на санкциите кои ја држат цената на нафтата на двата пазара блиску до највисокото ниво во последните три години“, вели Стефан Бренок од лондонската брокерска куќа PVM Oil Associates.

Европските сојузници треба оваа недела на Трамп да му достават план за спас на спогодбата, но паралелно преземаат мерки за заштита на европскоиранските бизнис односи во случај Вашингтон да се повлече од спогодбата.

Трговците стравуваат дека поради санкциите понудата на нафта од Иран може да се намали.