oil-Цените на нафтата во четвртокот на меѓународните пазари паднаа по објавувањето на податокот дека залихите на сурова нафта во САД достигна ново рекордно ниво, па повторно во прв план е загриженоста за прекумерната понуда.

На лондонскиот пазар цената на суровата нафта падна за 45 центи во однос на претходното затворање на 38,81 $. На американскиот пазар се тргуваше за 65 центи пониска цена, од 37,67 $.

Американските залихи минатата недела повторно се зголемија, за 2,8 милиони барели, достигнувајќи нов рекорд од 534,8 милиони барели и покрај највисоката стапка на искористеност на рафинериите во последните 11 години, објави владата на САД.

Покрај тоа, цената е притисната и од посилниот долар, со што се поскапува цената на нафтата за сопствениците на другите валути, кочејќи ја побарувачката.

Континуираниот раст на побарувачката во Кина би можел да помогне во апсорпцијата на вишокот, напоменуваат од Ројтерс. Кина по изјавата на челниците на кинеската компанија за трговија со нафта Unipec оваа година би требало да увезуваат по 7,5 милиони барели дневно, а со тоа се закануваат на САД, кој моментно ја држи позицијата како водечки увозник на нафта во светот.