nafta 1Цените на нафтата во петокот на меѓународните пазари се спуштија на 39 $ откако Меѓународната агенција за енергетика (IEA) предвидува можно натамошно влошување на проблемот на прекумерна понуда во 2016 година.

На лондонскиот пазар цената на нафтата падна за 50 центи во однос на претходното затворање и изнесуваше 39,23 $. На американскиот пазар барел се тргува по 35 центи пониска цена, од 36,41 $.

Нафтените пазари се притиснати од предупредувањето на IEA дека порастот на побарувачката ќе почнува да забавува.

Одделно, ОПЕК на својата веб страница објави дека цената на барел од референтната кошница на нивната нафта во четвртокот изнесуваше 34,69 $, речиси непроменета во однос на претходниот трговски ден.