oilЦената на нафтата на меѓународните пазари падна за повеќе од четири проценти под притисок од најголемиот пад на берзанските индекси во Кина после глобалната финансиска криза, што уште повеќе се зголеми загриженоста во врска со изгледите за глобалната побарувачка на нафта.

На лондонскиот пазар нафтата падна за 1,85 $ во однос на претходното затворање, на 43,61 $. На американскиот пазар се тргуваше за 1,50 $ пониска цена, од 38,95 $.

Кинеските берзи повторно забележаа остар пад, а низот на лоши вести од втората по големина економија во светот, се заокружи во петокот со информацијата за намалување на активноста на кинеската индустријата во август. Овие податоци укажуваат на големо забавување на економската активност во Кина, најголемиот потрошувач на енергија во светот, со тоа се подгреваат сомневањата во врска со изгледите за глобалната побарувачка на нафта.

Спуштањето на цените на нафтата на најниско ниво во последниве неколку години засега не ги поттикнува водечките производители да го намалат производството. Иранскиот министер за нафта во неделата изјави дека, сепак, вонредната седница на ниво на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) би можела да помогне во стабилизирањето на цените на нафтата.

Иранскиот министер исто така нагласи дека Иран ќе го брани својот удел на пазарот од страна на интензивирање на производството по секоја цена.

“Ние ќе го зголемиме нашето производство на нафта по секоја цена, ние немаме друг избор. Ако Иран не го зголеми производството веднаш, засекогаш ќе го изгубиме нашиот удел на пазарот”, рече Zanganeh иранскиот министер за нафта.