nafta 1Цените на нафтата во вторникот на меѓународните пазари се стабилизира над нивото од 34 долари, со оглед на тоа што помеѓу инвеститорите преовладува сомнеж дека замрзнувањето на производството на нивото од јануари ќе биде доволно за значително да се намали прекумерната понуда.

На лондонскиот пазар суровата нафта остана речиси непроменета во однос на претходното затворање и изнесува 34,60 $. Значајни промени во цената денес немаше дури и на пазарот во САД, каде што се тргуваше за 33,15 $.

Кај инвеститорите повторно преовладува сомнежот дека иницијативата на Саудиска Арабија и Русија да го замрзнат производството на нивото од јануари, под услов и другите производители да го направат истото, ќе биде доволно за значително намалување на вишокот на понудата.

Аналитичарите наведуваат дека постои мала шанса Иран веднаш по укинувањето на санкциите да биде подготвен веднаш да го ограничи производството на нафта.

Се проценува дека дневно се произведуваат еден до два милиони барели нафта повеќе од потребното.