nafta 2Цените на нафтата на меѓународните пазари паднаа во близина до нивото од 47 долари откако податоците од САД повторно покажаа пораст на залихите, а аналитичари истакнуваат дека производство во САД неочекувано е отпорно на ниските цени.

На лондонскиот пазар цената на нафта падна за 34 центи во однос на претходното затворање на 47,10 $. На американскиот пазар се тргуваше за 59 центи пониска цена, од 43,62 $.

Пазарите го продолжија надолниот курс откако податоците од Американскиот институт за нафта (API) покажаа нов скок на комерцијалните залихи на сурова нафта минатата недела за дури 6,3 милиони барели.

Дополнителен товар за нафтениот пазар се индикациите за слабата побарувачка во Азија, поради слабеење на довербата во јапонската индустрија во ноември, трет месец по ред, што е најниско ниво во повеќе од две години, според анкетата на Ројтерс.  Резултатот ги оджува стравувањата дека намалувањето на странската побарувачка може да ја внесе јапонската економија во рецесија.

Кинеското индустриското производство според податоците објавени во средата, во октомври се зголемило за 5,6 проценти во однос на истиот период минатата година, пониско од очекуваното.

“Слабоста на глобалниот производствен сектор … ја притиска побарувачка за енергија”, истакнуваат од JBC Energy, додавајќи дека тие очекуваат значително намалување на побарувачката наредната година.