rusija naftaЦените на нафтата на меѓународните пазари се движат во близина на најниското ниво во последните четири месеци. На лондонскиот пазар цената на нафтата падна за 35 центи во однос на претходното затворање, на 54,92 $.

Од почетокот на јули цената на нафтата падна речиси 13 проценти, што претставува нејзин најголем месечен пад од јануари, кога падна за 19 проценти.

На американскиот пазар цената се зголеми за 12 центи на 48,57 $, малку зајакнувајќи во однос на предходниот ден, кога се спушти на најниско ниво од крајот на март.

Активностите во кинескиот производствен сектор паднаа за највисока стапка во последните 15 месеци, покажуваат прелиминарните истражувачки активности на менаџерите за набавка.

Падот на цените на нафтата во јули делумно се должи на посилниот девизен курс на доларот, а делумно се заснова на очекувањето дека ќе има поголем извоз од Иран по постигнувањето договор минатата недела со западните земји во врска со иранската нуклеарна програма.

Аналитичарите веруваат дека можноста за пониски цени на нафтата може да ги принуди врвните светски производители да ги намалат нивните трошоци, откако се соочуваат со уште една квартална загуба.

Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) на својата веб страна објави дека цената на барел нафта во четвртокот беше 53,04 $, што значи пад за 40 центи во однос на претходниот трговски ден.