oil-Цените на нафтата се стабилизираа на меѓународните пазари во близина на нивото од 49 долари, поради неочекувано големиот скок на залихите во САД.

На лондонскиот пазар цената на нафта остана речиси непроменета во однос на претходното затворање и изнесуваше 48,94 $. На американскиот пазар се тргуваше за 51 центи пониска цена од 46,15 $.

Податоците од Американскиот институт за нафта во средата покажа дека американските залихи на сурова нафта во последната недела се зголемиле за 9,4 милиони барели. Аналитичарите во анкетата на Ројтерс очекуваа просечен раст од 2,8 милиони барели.

Некои очекуваат натамошно слабеење на пазарот во текот на следните месеци, со оглед на можното подигнување на клучните каматни стапки во САД и како последица на јакнењето на доларот, со што ќе се зголеми цената на нафтата за носителите на други валути.

“Сценариото изгледа вака: Во декември ФЕД ги зголемува каматните стапки а ОПЕК не го намалува производството, во првиот квартал на 2016 година, глобалните залихи на нафтата продолжуваат да растат и цените на нафтата паѓаат”, истакнува Bjarn Schieldrop од норвешкиот SEB.

Членките на ОПЕК во декември на редовниот состанок ќе разговаараат за производствената политиката. Се очекува да останат на досегашната стратегија за одбрана на уделот на пазарот, на што укажува влезот на Саудиска Арабија на пазарите со кој во моментов доминира Русија, како што е Полска.

Во првите девет месеци од оваа година, големите светски извозници на нафта произведиле повеќе од половина милијарда барели нафта повеќе отколку што е потребно, покажуваат податоците собрани од страна на Ројтерс и големите компании за истражување на нафтената индустрија.

“Ние веруваме дека потенцијалот за пад на цената на нафтата е ограничен и очекуваме умерен раст во следните неколку недели и месеци. На крајот на краиштата, тоа е повеќе индикација за значително намалување на производството од земјите надвор од ОПЕК, како резултат на ниските цени”, изјави Carsten Fritsch од Commerzbank.