Цената на нафтата на меѓународните пазари падна шестти ден по ред, под притисок на понатамошен раст на глобалната понуда. На лондонскиот пазар цената на нафтата падна за 42 центи на 52,88 $. На американскиот пазар цените паднаа за 33 центи на 47,65 $ за барел.
Анкета на Ројтерс, објавена во вторникот покажа дека членките на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) во вториот квартал произведува околу 3 милиони барели дневно повеќе нафта од дневната побарувачка. За споредба, во првиот квартал произведуваа 2 милиони барели дневно повеќе од побарувачката.
Цената на нафтата падна и покрај фактот дека Американскиот институт за нафта објави дека американските комерцијални залихите на сурова нафта падна минатата недела за 1,9 милиони барели, повеќе од очекуваното. Нивото на резерви од 462 милиони барели, во споредба со 383 милиони на почетокот на оваа година, покажуваат дека понудата е премногу висока.
“Ако се погледнат залихите на гориво, дојде до прилично висок раст и раст на залихите на бензин, што создава притисок”, изјави Оливие Јакоб, нафтен аналитичар во Петроматрих.
Одделно, ОПЕК на својата веб страна објави дека цената на барел референтна кошничка на суровата нафта во вторникот изнесуше 50,54 $, што значи пад за 75 центи во однос на претходниот трговски ден.