zlato-boeЦентралните банки минатата година купиле 477,2 тони злато, што представува втора најголема количина во последните 50 години, покажуваат податоците на World Gold Council.

Тоа е за 17 проценти повеќе од предходната година, а со оглед на просечната цена на злато се проценува дека се потрошени вкупно 19,4 милијарди долари.

Централните банки во последните пет години повторно ги зголемуваат резервите на злато и го прекинаа трендот на продажба кој траеше од крајот на 80-тите години на минатиот век.

Нјамогу злато купуваат земјите во развој, кои сакаат да ги пополнат нивните резерви, а се очекува дека побарувачката за злато од овој сектор и понатаму ќе остане висока.

Русија е најголемиот клиент, а од друга страна Украина има највисока продажба, по интензивирањето на конфликтот во источниот дел на земјата.

Руските златни резерви се на највисоко ниво од 1993 година, откако минатата година Русија купи дури 173 тони, со цел да ги диверсификоваат девизните резерви и да се неутрализира проблемот со ликвидноста на рубљата.

Златото сега има удел од 12 проценти од вкупните девизни резерви на Русија, кој процент и понатаму е значително помал отколку во западните земји, како Германија и САД, кои се наоѓаат на врвот на топ листите со 70 проценти.

Според податоците во извештајот, Украина лани има продадено 19 тони злато, додека Казахстан и Ирак купиле по 48 тони.