Од вкупно 1,19 милијарди евра кредит, колку што во првата половина од годината се задолжи црногорското население, 621 милион се готовински и ненаменски и 367 милиони се станбени кредити, објави Централната банка.

Овие податоци укажуваат дека граѓаните најмногу се задолжуваат со потрошувачки кредити, и тоа по мошне висока камата.

Задолжувањето на населението кон банките дополнително се зголеми минатата година и тоа од 1,02 на 1,125 милијарди евра, според извештајот поднесен од страна на Централната банка до Собранието на Црна Гора.

На крајот од минатата година, долгот на населението изнесуваше 26,5 отсто од БДП, додека во 2016 година изнесуваше 25,7 отсто.

– Минатата година населението се задолжи за 476,5 милиони евра со нови кредити од банки. Новото задолжување главно се однесува на парични заеми од 63,7 отсто, што во најголем дел е најпопуларниот тип на кредити за населението – се вели во извештајот.

извор: Makfax