ТТК Банка АД Скопје известува дека ќе изврши исплата на годишната камата, по каматна стапка од 2,7% на годишно ниво, на имателите на корпоративната обврзница – втора емисија на обврзници со ИСИН MKTTKS200020 и шифра ТТКО2.

Исплатата на камата ќе се изврши на 15.2.2021 година.

Право на исплата на камата имаат лицата кои се регистрирани во книгата на иматели на корпоративна обврзница – втора емисија на издавачот ТТК Банка АД Скопје во Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје заклучно со 13.2.2021 година.

Тргувањето со обврзниците во деновите 11 и 12 февруари 2021 година ќе се реализира со пресметана акумулирана камата за 364 и 365 денови соодветно, при што Купувачот, при порамнувањето на 15 и 16 февруари 2021 година, ќе треба да го уплати износот на чистата цена  +  акумулираната камата на Продавачот. При ова, Купувачите ќе бидат регистрирани во книгата на иматели на корпоративната обврзница – втора емисија на обврзници во Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје на 15 и 16 февруари 2021 година, соодветно, и нема да остварат право на исплата на годишната камата.