ТТК Банка АД Скопје ќе изврши исплата на годишната камата по каматна стапка од 2,7% на годишно ниво на имателите на Корпоративна обврзница – втора емисија на обврзници со ИСИН MKTTKS200020 и шифра ТТКО2.

Исплатата на камата ќе се изврши на 14.02.2024 година.

Право на исплата на камата имаат лицата кои се регистрирани во книгата на иматели на Корпоративна обврзница-втора емисија на издавачот ТТК Банка АД Скопје во Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје заклучно со 13.02.2024 година.

Тргувањето со обврзниците во деновите 12 и 13 февруари 2024 година ќе се реализира со пресметана акумулирана камата за 364 и 365 денови соодветно, при што Купувачот при порамнувањето на 14 и 15 февруари 2024 година ќе треба да го уплати износот на чистата цена  +  акумулираната камата на Продавачот. При ова, Купувачите ќе бидат регистрирани во книгата на иматели на Корпоративната обврзница – втора емисија на обврзници во Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје на 14 и 15 февруари 2024 година, соодветно и нема да остварат право на исплата на годишната камата.