За бизнисите, пак, поскапувањето на струјата е 125 % !

Цените на енергијата во Турција драстично пораснаа од почетокот на новата година. Земјата погодена од инфлација ја зголемува цената на струјата за домаќинствата за 50 отсто, а за бизнисите со висока потрошувачка за 125 отсто, изјави одговорниот супервизор, цитиран од Ројтерс.

Според државното комунално претпријатие БОТАС, цените на бензинот исто така продолжуваат да растат. Домаќинствата во јануари ќе плаќаат 25%, а бизнисите 50% повеќе. Гасот за производство на струја ќе поскапи за 15 отсто.

Во Истанбул, дом на околу една петтина од 84 милиони жители на Турција, малопродажните цени скокнаа за 9,65% на месечна основа во декември, со годишен пораст од 34,18%, соопшти Стопанската комора на Истанбул (ITO). Цените на апаратите за домаќинство се зголемени за над 20%, а на прехранбените производи за близу 15%.
Цените на големо во градот скокнале за 11,96% во однос на ноември, а нивниот годишен пораст е 47,10%, според ИТО.

Податоците и приспособувањата веројатно ќе ја потхрануваат вкупната годишна стапка на инфлација во земјата, која забрза на над 21% во ноември и се очекува да надмине 30% во декември и да продолжи да расте, главно поради падот на локалната валута.

Лирата загуби 44% од вредноста во однос на доларот минатата година по остриот пад од септември, кога централната банка, под притисок на Ердоган, започна серија агресивни намалувања на каматните стапки.

Другите корекции од новата година вклучуваат скок од 20% на трошоците за задолжително осигурување за повеќето автомобили.

Бензините поскапеа за повеќе од половина евро по литар, а дизелот за 1,29 евра, соопшти во петокот Синдикатот на работодавачи во енергетиката, нафтата и бензинските пумпи (EPGIS).