Според меѓународните организации, економијата на Кина е негативно погодена од почетокот на фаталниот коронавирус, што пак ќе има негативен ефект врз глобалната економија.

Економистите очекуваат вирусот да предизвика загуби и нарушувања во различни сектори, како што се воздушниот сообраќај, меѓународната трговија, туризмот и сл.

Сепак, во меѓувреме, можно е економиите на некои земји да имаат корист од целата ситуација.
Една од нив би можела да биде Турција. Според турскиот министер за индустрија и технологија Мустафа Варанк, вирусот има некои позитивни ефекти врз турската економија во однос на воведување на алтернативна производствена база за Кина.

Како што објавија турските медиуми, Варанк соопшти дека добавувачите од странство почнале да покажуваат поголем интерес за производителите во Турција.

– Секако, ние не сакаме земјите да имаат такви проблеми. Сепак, во светот постои постојано движечка економија“, рече тој, додавајќи дека доколку дојде до таа задача, Турција ќе се справи со тоа.

– Турција е земја која може да „произведува скоро во секој сектор“, рече Варанк, додавајќи дека е во можност да ги зголеми капацитетите, како алтернатива за другите земји.