Турските одгледувачи на цвеќе извезле 70 милиони цвеќиња во 22 земји во пресрет на 14 февруари – Денот на Вљубените, изјави претседателот на Здружението на извозници на украсни растенија и производи, Исмаил Јилмаз.

Тој рече дека е забележан значителен пораст на извозот на цвеќе годинава, пренесува агенцијата Анадолија.

– И покрај пандемијата, испративме 70 милиони цвеќиња во 22 земји, во вредност од приближно седум милиони долари. Таа бројка минатата година беше шест милиони долари за 60 милиони цвеќиња – рече Јилмаз.

Најголемиот турски пазар на цвеќиња е Холандија, следен од Велика Британија, Германија, Романија и Украина.