Турската лира остана стабилна по воведувањате на опсежните санкции од страна на САД врз Турција поради купувањето на руските ракетни системи С-400, пренесува Ројтерс. 

Лирата се тргуваше по курс од 7,8746 лири за долар. Вчера лирата зајакна за 1% после објавата на строгите санкции од Вашингтон врз Анкара.

Аналитичарите сметаат дека крај овој спор може да се гледа во далечна иднина, доколку претседателот Џо Бајден, после назначувањето ќе истакне добра воља. Но тоа нема сигурно да биде пред тој да седне во Белата куќа.

Стравот од санкции лебдеше со месеци над турската економија. Истиот се префрли и врз инвеститорите и јавното мислење. Единствено добро е што се наметнаа санкции на одбранбената и воената индустрија а не и врз финансискиот сектор.

„Сепак и ова добро“ вели Питер Кинсел, раководител на одделот за валутни стратегии на швајцарската банка UBS.„Фактот што санкциите се наметнаа само на индустријата, особено воената, а не и на банките е сепак еден елемент кој дава стабилност на турската лира“ – смета тој.