Турскиот извоз на Балканот за девет месеци од годинава е зголемен за 24,9 отсто во однос на истиот период лани и достигна 15,7 милијарди долари.

Најмногу е извезено во Романија, 4,7 милиони долари, додека најголем пораст во однос на истиот период лани забележа Црна Гора, пишува Anadolu Agency.

Според податоците што ги собра новинарот на Анадолија од Собранието на турски извозници (ТИМ), во првите девет месеци од годинава е остварен извоз од 15 милијарди и 698 милиони долари во балканските земји, Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Црна Гора, Косово, Македонија, Романија, Србија, Словенија и Грција.

Во истиот период лани таа бројка беше на ниво од 12 милијарди и 571 милион долари, па извозот на Балканот лани е зголемен за 24,9 отсто.

Најголем извоз во споменатиот период меѓу балканските земји е остварен во Романија (4,7 милијарди долари), потоа Бугарија (3,4 милијарди долари), Грција (2,1 милијарди долари), Србија (1,3 милијарди долари) и Словенија (1,2 милиони долари).

Извозот на Турција во Албанија изнесува 742,8 милиони долари, потоа во Босна и Херцеговина (548,1 милиони долари), Северна Македонија (488,5 милиони долари), во Косово (483,1 милиони долари), во Хрватска (439,1 милиони долари) и во Црна Гора (118,6 милиони долари). Кога станува збор за извозот во балканските земји по градови, најголем бил од Истанбул и изнесувал 7,5 милијарди долари.

Со оваа сума, Истанбул учествуваше со 47,9 отсто од извозот од 15,7 милијарди долари во балканските земји.

Најголем извоз на Балканот оствари секторот хемиски материјали и производи со извоз на стоки во вредност од 2,8 милијарди долари.

Потоа следуваат секторите за челик, автомобилска индустрија, црни и обоени метали, електрична енергија и електроника.