До крајот на 2024 година, Њујорк ќе започне со собирање на градинарскиот отпад и храна, најави градоначалникот Ерик Адамс. Како дел од програмата ќе се собираат остатоци од храна, хартија од храна и градинарскиот отпад.

Соопштението доаѓа по пробното собирање кое започна во август 2022 година, кога беше собран отпад што може да се компостира во станбена област на Квинс. Ова е прв пат цела област да биде опфатена со системот, со што Њујорк е дом на најголемата програма за компостирање во САД. Девет области во петте општини во Њујорк сега имаат услуга за собирање отпад што може да се компостира. Од жителите на делови кои не се опфатени со системот се бара да го компостираат дома или да го носат својот отпад на места определени за собирање на овој отпад. Повеќето остатоци од храна може да се остават на овие места, вклучувајќи овошје, зеленчук, лушпи од јајца, зрна кафе и кесички чај, ореви, леб, ориз, тестенини и градинарски отпад исто така се прифаќаат.

Месото, коските и млечните производи не се прифаќаат поради нивната тенденција да привлекуваат штетници. Жителите го одлагаат отпадот во пластични или хартиени кеси, што се разликува од британскиот систем каде отпадот од храна се собира во биоразградливи кеси. Најавата за посебно собирање на отпадот од храна е дел од кампањата на градоначалникот „Да бидеме почисти“.

Во рамки на кампањата се интензивираше чистењето на ѓубрето на улиците со цел да се држи под контрола растечкиот проблем со стаорците, поставувањето на нови камери за спречување на нелегално депонирање на отпадот и чистење на запуштените делови од градот.