Пролонгиран рокот за поднесување на ДДВ пријавите и тоа за четири дена, посочи денес Управата за јавни приходи.

Имено, ова лседува откако е воведен новиот образец ДДВ 04, согласно измените и дополнувањата на Законот за данокот на додадена вредност.

„Се известуваат даночните обврзници и сметководителите дека рокот за поднесување на образецот ДДВ-04 за даночниот период од 01.10.2020-31.12.2020 и 01.12.2020 -31.12.2020 се продолжува за 4 дена, односно за краен рок за поднесување ќе се смета 29 јануари 2021.“, се вели во соопштението од УЈП.