Управата за јавни приходи денеска ќе претстави нов систем за проценка на ризици.

Новиот систем е  донација на Австриската агенција за развој.

На презентацијата е најавено учество на Сања Лукаревска, директор на УЈП, Кристијан Руп, претставник на платформата за дигитална Австрија во Федералното Министерство на Австрија за дигитални и економски работи и Едуард Сиволд, управен директор во  wedoIT-solutions од Австрија.