Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска и директорката на Државниот инспекторат за труд, Весна Томовска, денеска потпишаа Договор за размена на податоци и соработка.

Со овој документ се унапредува меѓуинституционалната соработка, и се овозможува поголем увид во тоа кој работодавачи согласно, законски предвидениот рок, задоцнето или воопшто не поднеле МПИН пресметка за плати, исплатиле плати помали од минималната плата или неисплатиле регрес за годишен одмор.

Директорката Лукаревска, појасни дека овие податоци и досега се доставуваа до ДИТ, но сега опсегот е поголем. Со овој договор за соработка, се јакнат капацитетите на двете институции, се создава солидна основа за партнерско справување и јакнење на механизмите за навремена постапка и заштита на работниците од доцнење и не исплаќање на плати и заштита на други права од работен однос.-рече Лукаревска.