Маркети на ланецот „Кипер“ во Скопје, но и во други градови во државата, вечерва се запечатени со жолти ленти на УЈП, додека трае пописот и контролата на инспекторите околу тоа дали овие маркети се придржуваат до владините мерки за укинување на маржата на одредени основни прехранбени производи, објави порталот Скопје1.

Ниту УЈП, ниту „Кипер“ досега не се огласија за контролите во компанијата, кои доаѓаат два дена по големата слична акција во маркетите „КАМ“, во која директорката на УЈП, Сања Лукаревска, рече дека биле ангажирани триста инспектори на Управата.