Користејќи ја програмата „Cobalt Strike“ за неовластен пристап до компјутерите во банките во 2017 година, хакери украле повеќе од 17 милиони долари од руските банки.

Според изјавата на вицегувернерот на централната банка Дмитриј Скобелкин на конференцијата за новинари во рускиот град Магнитогорск во последната година биле регистрирани 21 напад од страна на хакери кои ја користеле „Cobalt Strike“.

Исто така биле извршени повеќе од 240 хакерски напади на кредитни организации, каде што во 11 од нив нападот бил успешно извршен. А износот надминал повеќе од милијарда рубљи.