Украинската влада планира да позајми 1,5 милијарди долари од Соединетите Американски Држави за купување гас, објави денеска премиерот на Украина, Денис Шмихал.

„Во Владата разговаравме за енергетската безбедност и за грејната сезона. Конкретно, разговаравме за помошта на американските партнери при купување гас. Водиме преговори за доделување транша во износ од 1,5 милијарди долари од САД од „Ексимбанк““, рече Шмихал, пренесе Украинска Правда.

Тој се заблагодари на администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден што испратила барање до Конгресот за доделување дополнителни 11,7 милијарди долари за Украина и зборуваше за чекорите на владата кон зајакнување на соработката со ММФ.